ПОЧЕТНА ЕВРОПА ОБРАДОВИЌ: Првпат во 27 години немам зборови

ОБРАДОВИЌ: Првпат во 27 години немам зборови

сподели

Деветкратниот освојувач на титулата во Евролигата и натаму е во шок по она што му се случи на неговиот тим на гостувањето кај Црвена Звезда.

Српскиот и АБА шампион славеше со 68:56 и ја продлабочи кризата на Фенербахче која трае од финишот на минатата сезона. По две кола вицепрвакот на Турција има 0/2, но тоа не е она што му создава главоболки на Жељко Обрадовиќ.

„Искрено, мојот тим ме изненади повеќе од Звезда. Јас сум човек кој секогаш прво тргнува од себе и мислам дека оваа слика не е добра. Треба да размислам, јас како тренер, да ги најдам грешките кои сигурно постојат.

Првпат за 27 години тренерска кариера влегов во соблекувална и немав што да им кажам на моите играчи. Така се чувствував. Ќе морам да анализирам и да видам зошто игравме вака и зошто ги постигнавме овие бедни 56 поени“, изјави трофејниот српски стручњак.

Следната шанса за победа Фенербахче ќе ја има идната недела на домашен терен, против Басконија.