ПОЧЕТНА ЕВРОПА Обрадовиќ пак му помага на Партизан

Обрадовиќ пак му помага на Партизан

сподели

Добро е позната соработката меѓу најтрофејниот европски тренер и клубот каде тој ја заврши играчката и ја почна тренерската кариера.

Жељко Обрадовиќ неодамна си замина од Фенербахче и најави едногодишен одмор, но тоа не го спречува повторно да му помага на Партизан. Додека тој одмора, кај „црно-белите“, во соработка со управата на белградскиот клуб, го испрати својот „вечен“ помошник Влада Андроиќ.

Тој се спомнуваше и како еден од кандидатите за наследник на Тринкиери, но управата на Партизан го избра Владо Шчепановиќ кому Андроиќ ќе му биде од голема помош.