ПОЧЕТНА ЕВРОПА Обрадовиќ останува во Фенер и со пола плата

Обрадовиќ останува во Фенер и со пола плата

сподели
NTVSpor.net

Најтрофејниот европски тренер, наводно, одлучил да остане во освојувачот на Евролигата од 2017 година и да потпише нов договор, на три сезони.

Од Фенербахче нема потврда на овие информации кои во јавноста ги пласира турскиот весник Милијет преку својата интернет страница. Тридневните преговори резултирале со намалување на платата на српскиот стручњак од три на 1,6 милиони долари што е логично ако се има предвид финансиската криза и смалувањето на буџетот на клубот.

Фенербахче во новата сезона ќе располага со помалку од 20 милиони евра и тоа најверојатно ќе резултира со заминување на дел од главните играчи. Целта на Обрадовиќ е да ги задржи Костас Слукас и Луиџи Датоме кои имаат понуди од Грција и Италија.

Деветкратниот освојувач на Евролигата е во Фенербахче од 2013 година и со него дојде до четири титули во турското првенство, три во Купот на Турција и една во елитното европско натпреварување.