ПОЧЕТНА Евролига Обрадовиќ остана без, но Радоњиќ си доби НБА засилување

Обрадовиќ остана без, но Радоњиќ си доби НБА засилување

сподели
USA TODAY Sports

Турскиот репрезентативец кој што се поврзуваше со враќање во родната земја, како член на Фенербахче, реши да се врати во САД и да ја продолжи кариерата во најсилната лига на светот, за минимален загарантиран договор во првата сезона.

Фуркан Коркмаз (22, 201) кој што потекнува од Анадолу Ефес, ќе има уште една шанса да го докаже својот потенцијал, по 62-та меча што ги одигра во првите две НБА сезони. Дестинацијата останува иста, екипата на Филаделфија 76-ерс.

nba.com

Во меѓувреме, НБА засилување слета во Минхен, за тимот на Баерн. Грег Монро (29, 211), кој што беше 7-ми пик 2010-та година, по седум екипи во кои што настапуваше во САД, од Филаделфија ќе се пресели во Германија.