ПОЧЕТНА Евролига Обрадовиќ ја отпиша НБА

Обрадовиќ ја отпиша НБА

сподели
NTVSpor.net

Најтрофејниот европски стратег се одмора меѓу двете сезони во родната Србија, но сепак кошарката е негово секојдневие и тој не може без неа.

Српскиот медиум Блиц го искористи за збор-два во паузата, а главно прашање беше дали некогаш планира да оди во најсилната лига на светот.

Одговорот е брз и категоричен.

„Не. Нема приказна за мене и за НБА. Среќен сум во редовите на Фенербахче.“ – рече кратко и јасно, 59 годишниот тренер со потекло од Чачак.

Според популарниот Жоц, Црвена звезда го заслужила враќањето во Евролига, а тој би сакал да го види и Партизан во европската клупска елита.

Беше прашан и за репрезентацијата на Србија.

„Не ми е лесно кога играм против српските екипи. Овој регион и АБА лигата заслужуваат две екипи во елитата.

Убеден сум дека селекторот Саша Ѓорѓевиќ и играчите ќе дадат се од себе.“ – се зборовите на 9-кратниот клупски европски шампион.

Иако не сака да биде тренер во НБА лигата, сепак чека билети за еден Ол-Стар, од Гудуриќ и од Богдановиќ, неговите поранешни играчи во Фенбербахче.

Кoмплетното интервју на Жељко Обрадовиќ може да гои прочитате на овој линк.