ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ВИДЕО) Обрадовиќ и Пешиќ имаат клон – ама тој дели и шамари

(ВИДЕО) Обрадовиќ и Пешиќ имаат клон – ама тој дели и шамари

сподели

Интересен натпревар одиграа Уникаха и Гран Канарија, заврши со победа на домашниот тим од 79:76, но го одбележа тренерот на гостинскиот тим Фотис Кацикарис.

Грчкиот стручњак, во стилот на своите колеги Жељко Обрадовиќ и Светислав Пешиќ, на еден тајм-аут се обиде да го „разбуди“ Џон Шурна со тоа што почна да го удира по телото, да го скубе за коса и на крај да го шлапа по лицето, се додека Американецот не го оттурна од себе.

Шурна го заврши натпреварот со седум поени, девет скока и три асистенции, недоволно за победа на Гран Канарија.