ПОЧЕТНА ЕВРОПА Обрадовиќ и Јасикевичуис ќе се вратат во Панатинаикос

Обрадовиќ и Јасикевичуис ќе се вратат во Панатинаикос

сподели
Манос Пападопулос - десно

Актуелниот претседател на најтрофејната грчка екипа имаше големо интервју за грчките медиуми во коешто изјави дека славните тренер и играч на детелинките од Атина, повторно ќе бидат дел од фамилијата ПАО.

„Незнам во која форма, но тие двајца ќе се вратат дома. Знам дека сме одлични пријатели и имаме одлични релации, тие засекогаш ќе бидат во нашите срца.

Во моментов е невозможно да зборуваме за нивно враќање, но сигурен сум дека тоа ќе се случи во блиска иднина.“ – рече Манос Пападопулос за SDNA.gr.

Во моментов Обрадовиќ е тренер на Фенербахче, Јасикевичиус е тренер на Жалгирис, а Србинот беше на клупата (1999-2012), односно Литванецот на теренот (2007-10), кога зелените ја покорија Eвропа во 2009-та.