ПОЧЕТНА НБА Обложувалниците знаат нешто: Лејкерс први фаворити за титулата

Обложувалниците знаат нешто: Лејкерс први фаворити за титулата

сподели
AP Photo/Elise Amendola

Неполни 48 часа откако Торонто Репторс напиша историја и стана прва канадска екипа со шампионскиот трофеј во НБА лигата, објавени се квотите за претстојната натпреварувачка кампања која стартува во октомври.

Сосема неочекувани прв фаворит за титулата според обложувалниците е Лос Анџелес Лејкерс иако веќе шест години оваа екипа не може да влезе во плеј-офот, а последните два месеца се соочи со големи проблеми во структурата на франшизата и во играчкиот кадар.

Уште не се знае составот со кој вториот најтрофеен тим во НБА ќе игра претстојната сезона, па поради тоа е големо изненадување фаворитската улога која ја добија Лејкерс. Веројатно ова значи дека летово можеме да очекуваме спектакуларни трансфери во Лос Анџелес и градење силен тим, покрај Леброн Џејмс.

Втор кандидат за титулата според обложувалниците е Милвоки Бакс, трет Лос Анџелес Клиперс (исто така големо изненадување), а новиот шампион Торонто е четврти.