ПОЧЕТНА МЛАДИНСКА КОШАРКА Обид за физичка пресметка и напад на судии, на младински меч

Обид за физичка пресметка и напад на судии, на младински меч

сподели

Неколку родители на кошаркарите на Вардар заедно со дел од играчите на младинскиот погон на овој тим, на почетокот од последната четвртина при водство на домашната екипа со 49:35, влегле на терен во обид физички да се пресметаат со арбитрите.

По интервенција на полицијата, ситуацијата на теренот се смирила, но следел обид да се одземе камерата од официјалниот снимател, кој мора да биде присутен на мечот, што е редовна процедура на кошаркарските натпревари кај нас.

Дуелот бил прекинат и регистриран со службен триумф на Феникс со 20:0, а за Вардар нема бод наменет за поразениот. За техничките и за исклучувачките грешки, воедно и за пријавите за играчите, санкцијата за Вардар е 125.600 денари.

Суспендирани се играчите М.Т., П.А. и М.П. – со по четири или пет натпревари – за исклучување, за обид за напад на судија и за пријава по мечот.

Родителите кои влегле на терен, неофицијално, се исто така казнети со соодветни парични пријави и казни, од страна на МВР, за нарушување на јавниот ред и мир.

Домашната екипа е санкционирана со 14.000 денари од Канцеларијата на КФСМ, поради влегување на публика на терен и со далеку повисока парична казна, што следи по службена должност од страна на МВР, исто така поради влегувањето на публика во терен.

По два натпревара во темпо на делегирање, нема да ја извршуваат дејноста, односно се казнети и арбитрите на оваа средба.