ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Новото раководство ја испитува работата на старото

Новото раководство ја испитува работата на старото

сподели

На прашање дали се прави финансиска ревизија на периодот од претходниот мандат на поранешниот претседател на КФСМ (Петар Наумоски), актуелната гарнитура одгорови ДА. Во интерес на постапката, немало да се обелоденуваат детали, но ќе се излезе со конечниот наод, информира генералниот секретар на КФСМ (Владимир Георгиевски).

Ќе потсетиме дека претходното раководство во повеќе наврати изјавуваше дека сметката која што беше блокирана повеќе од 16 години е вратена во живот и дека салдото на тогашна МКФ е на позитива од 160.000 евра, што претходно се немаше случено во историјата на независната македонска кошарка.