ПОЧЕТНА СП 2019 Нови проблеми за Шпанија, се повреди и Љуљ

Нови проблеми за Шпанија, се повреди и Љуљ

сподели
FIBA

Најважниот натпревар на Светското првенство, „фуријата“ би можела да го игра без двајцата свои најважни кошаркари.

По Руди Фернандес, на повреда се пожалил и Серхио Љуљ кој има истегнување на лигаменти на зглобот на десната рака.

„Во овој момент не можам да потврдам дали тој ќе игра или не. Таа повреда е повеќе болна, отколку сериозна, но има проблем да го движи зглобот. Зборуваме за натпревар кој се игра во следните 24 часа“, изјави селекторот на Шпанија, Серџо Скариоло.

Следен противник на светскиот првак од 2006 година е Италија и тоа е директен дуел за пласман во четвртфиналето од Мундобаскетот.