ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Новата сезона во Првата лига-мажи ќе почне на 3-ти октомври

Новата сезона во Првата лига-мажи ќе почне на 3-ти октомври

сподели
фото: kfsm.mk

Ова беше решено на Здружението на претставниците на клубовите кои се дел од прволигашката конкуренција, на состанокот кој го водеше новиот претседател на Здружението, Мери Ковачевска.

Меѓу нив и двата нови членови на елитното друштво, КК „ТФТ“ од Скопје и КК „Црн Дрим“ од Струга, што ја прават бројката на екипи-учесници на 12.

Согласно со тоа, односно системот за натпреварување за сезоната 2020/21, во првиот дел од првенството ќе се одиграат вкупно 22.кола.

Првопласираните шест екипи (со пренесени бодови од првиот дел), продолжуваат со натпреварувањето во Супер лигата.

Екипите (исто така со пренесени бодови од првиот дел) кои ќе завршат од 7. до 12. позиција на табелата, ќе разигруваат во „Плеј-аут“ лигата.

Комесарот за натпреварување, Сречко Хорват, го презентираше Протоколот за организација на првенствени натпревари од страна на КФСМ во вонредни ситуации настанати поради вирусот Ковид-19, во сите рангови на натпреварување за сезона 2020/2021.

Нашата федерација ќе ги покрие трошоците на екипите за задолжителното тестирање од вирусот Ковид-19, кое треба да биде извршено на 72. часа пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.

Иако имаше опција котизацијата за натпреварувањето во Првата лига-мажи да биде укината, клубовите се согласија дека тоа е нивна обврска.

Доколку Агенцијата за Спорт и млади обезбеди посебни, наменски средства до федерацијата за котизација, истите ќе бидат распределени до сите екипи, членки на Првата лига-мажи.

Во новата натпреварувачка сезона, официјална топка со која ќе се играат натпреварите во Прва лига-мажи, ќе биде „Вилсон“.

За секоја екипа од Првата лига-мажи, федерацијата ќе додели по десет топки од оваа компанија со која постигна договор за соработка во наредниот период.

1-во КОЛО

Академија ФМП – Гостивар
ТФТ – Куманово
Кожув – Пелистер
МЗТ Скопје Уни Банка – Еуро Никел 2005
Работнички – МЗТ Скопје Аеродром
Вардар – Црн Дрим

(комплетно преземено од kfsm.mk)