ПОЧЕТНА СП 2019 Новата кошаркарска рамнотежа не знае за Африка и Азија

Новата кошаркарска рамнотежа не знае за Африка и Азија

сподели
FIBA

Ако мундијалот на кој играат најдобрите светски селекции, е мерило за квалитетот на репрезентациите и на нивните школи за кошарка, тогаш актуелното светско првенство во Кина е јасен показател во кој правец се движи светскиот тренд и го илустрира неговиот пат последните 5 и следните 4 години.

Африка и Азија се најслабите континенти во глобална смисла, затоа што немаат претставник вовтората фаза по групи. Порто Рико и Венецуела ги елиминираа Тунис и Кина во меѓусебните соочувања. Грција и Нов Зеланд, односно Турција и Чешка ќе се пресметаат за последните две слободни места меѓу 16-те најдобри светски кошаркарски земји.

FIBA

Позитивен предзнак за африканскиот континент може да биде формирањето на континенталната лига под капата на НБА и ФИБА, спонзорирана од Најк преку Џордан Бренд и Пепси, од која ќе се црпи квалитетот за посилните лиги, а e направена со цел да се поедностави скаутирањето на играчите кои подоцна ќе играат во НБА и европските натпреварувања.

Кина со години се труди да добие лига што ќе личи на НБА дивизија, што е футуристичкиот план на оваа организација – да се прошири во Европа, Азија и Африка. Можеби некогаш да, но денес, како што стојат нештата, африканците и азијците ќе сонуваат за висок пласман на мундијалите.