ПОЧЕТНА ЕВРОПА Новата ѕвезда на новиот Партизан е МВП

Новата ѕвезда на новиот Партизан е МВП

сподели
фото: aba-liga.com, Cibona, Zeljko Baksaj

Навивачите на црно-белите го изгласаа за омилен играч меѓу оние што го засилија ростерот на Тринкиери, а сега го добива и официјалното признание за неговата игра на стартот на натпреварувачката година.

Рашон Томас е избран за МВП на Суперкупот на АБА што се одржуваше во Загреб, на кој победи Партизан (против Цедевита Олимпија, Приморска и Мега Бемакс).

Американскиот крилен центар играше брилијантно за време на Суперкупот, со просек од 15.7 поени, 8.3 скока по натпревар и индекс од 21, што беше највисок на воведниот турнир.