ПОЧЕТНА Некатегоризирана Новајлиите не го „рецкаат“ Кари, вљубени се во Леброн

Новајлиите не го „рецкаат“ Кари, вљубени се во Леброн

сподели
Thearon W. Henderson/AFP

Откако прво гласаа за себе, дебитантите во НБА имаа чест да го изберат најдобриот кошаркар, според нив, во лигата.

Резултатите се изненадувачки, пред се бидејќи ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари не е ни во топ-6. Убедливо на првото место е Леброн Џејмс со 38% од гласовите, 20% од руки играчите гласаа за Кевин Дурант, а далеку зад нив се Кави Ленард и Дејмијан Лилард (по 8%) и Џејмс Харден и Девин Букер (по 5%).

Освен Кари во ова друштво нема уште две големи имиња во актуелниот состав на играчи во НБА: МВП од последната сезона Јанис Адетокумбо и еден од најдобрите плејмејкер Кајри Ирвинг.