ПОЧЕТНА ЕВРОПА Нова војна во АБА: Партизан бара исфрлање на ФМП од елитата

Нова војна во АБА: Партизан бара исфрлање на ФМП од елитата

сподели

Собранието на АБА лигата денеска одржува онлајн седница на која ќе се зборува за многу важни прашања од регионалното натпреварување, вклучувајќи ја судбината на МЗТ Скопје.

Пред неговиот почетот, атмосферата ја крена Партизан кој побара да се зборува за исфрлање на ФМП од елитната дивизија. Како поткрепа на своето барање, „црно-белите“ го посочија сомнежот дека ФМП работи како филијала на Црвена Звезда и дека двата клуба имаат ист претседател (Небојша Човиќ) иако на хартија тоа не е така.

Интересно е тоа што и Звезда досега не ја криела својата поврзаност со тимот од Желлезник кој најчесто служи за разигрување на играчите кои во иднина би требало да го облечат дресот на многу пославниот клуб. Партизан го истакнува фактот дека Звезда победи на последните 26 дуели со ФМП и дека со тоа секогаш е во предност во однос на другите екипи.

За одлуката ФМП да се исфрли во АБА 2 е потребно мнозинство гласови, но имајќи го предвид расположението кај клубовите и фактот кој, всушност, ја води лигата, речиси никој не верува во вакво сценарио.