ПОЧЕТНА НБА Нов тренер Србин во преден план во НБА лигата

Нов тренер Србин во преден план во НБА лигата

сподели

По преземањето на кормилото на екипата на франшизата Феникс Санс, новиот тренер Монти Вилијамс ги претстави новите членови на неговиот нов стручен штаб, меѓу кои што има уште еден претставник на школата на нашиот северен сосед.

Неговото име е Дарко Рајаковиќ.

Иако не е нов во НБА лигата, затоа што од 2012-та година работеше во стручниот штаб на Оклахома Сити Тандер, сепак интересот за него од страна и на други тренери, покажува дека се работи за одличен стручњак.

Претходно, тој има искуство од колеџ кошарката (Аризона, Дјук), Шпанија (4-та лига) и Србија (Чачак, Црвена звезда).

Рајаковиќ (40) исто така влезе во историјата на американската кошарка, како прв тренер роден вон САД на чело на една екипа (Тулса) од развојната лига, како и неговиот сонародник Игор Кокошков (асистент, Сакраменто) кој што минатата сезона ја имаше таа чест на чело на една НБА екипа (Феникс).