ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА НОВ ТАЛЕНТ ЗАМИНА ЗА САД: Од кал да е, Бранко да е!

НОВ ТАЛЕНТ ЗАМИНА ЗА САД: Од кал да е, Бранко да е!

сподели

Македонија има талент што замина на Скотланд Кампус во Пенсилванија, САД. Се вика Бранко Шуменковски, роден е 2002-та година, играше во нашата школа на КК Феникс од Скопје.

Иако тука се е одлично организирано и на многу високо ниво, јас нема никогаш да заборавам од каде доаѓам. Јас ги бранам црвената и жолтата боја на мојата земја и пред да влезам во сала со голема гордост го гледам македонското знаме.

Исто така нема да заборавам дека бев играч на КК Феникс, кај тренерот Денис Дервишевиќ, каде ги научив основите на кошарката.

Од она што го паметам, ми остана врежано дека на големата сцена не се ценат само напаѓачите, туку играчите што знаат да играат и одбрана, дека скаутите тоа го забележуваат и многу го ценат. Тој систем функционира и тука во САД.

Оваа американска академија е позната по традицијата и квалитетните спортисти кои излегле од треннинг програмите на истата во сите американски спортови, не само во кошарката.

Секој ден имаме по 4 тренинзи, секој е посебен. Првиот тренинг ни е техника, вежбаме со најдобрите  тренери за техника. Гледаме многу видео материјали, има посебна просторија за тоа.

Храната е посебна за секој играч, индивидуално, некој треба да намали, додека некој треба д аја зголеми масата на телото. Има одлична фитнес сала, имаме професионални тренери за фитнес и кондиционирање.

Шуменковски игра на бековските позиции, има искуство од Втора лига во Македонија и од лигата до 18 (М18) години во нашата земја.

На главниот тренинг доаѓаат скаути од целата земја, од колеџ дивизиите. Сите ние играчите се бориме за таа стипендија, за Дивизија 1. Но, мора да се обезбедат и добри оценки на училиште.

Едноставно е – треба многу да се работи, да се работи напорно, да се биде концентриран на обврските и успехот си доаѓа сам по себе.