ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нов плеј во Гостивар?

Нов плеј во Гостивар?

сподели

Тимот од Градот на кошарката планира да донесе американско засилување на ударната позиција во екипата, организатор на играта кој што ќе биде освежување во надворешниот ред, дознава basketball.mk.

Сегариќ помина две сезони во Гостивар.

Најверојатно хрватскиот интернационалец Јуре Сегариќ заминува, иако нема ништо официјално. За Александар Костоски, кој што има најдебело CV и е најискусниот и најдобриот играч во редовите на гостиварскиот тим, се уште не се знае.

Минатата сезона, Костоски се прости од националниот тим.

Нашата прогноза е дека на Костоски му лежи екипата и тој ќе остане, а со новиот соиграч ќе формира пеколен тандем на позициите еден и два. Останува да почекаме овие информации да бидат потврдени или негирани, со конкретни потези.