ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нов натпревар, ново разочарување

Нов натпревар, ново разочарување

сподели
FIBA

М20 репрезентацијата на Македонија не успеа да врзе две победи на Европското првенство Б-дивизија во Португалија.

Иако почна добро, загуби од Словачка со 64:46 и ја освои четвртата позиција во групата Д. Се чинеше дека се подготвени за нов триумф кога во последната минута од првиот период поведоа со 6:17, но една четвртина беше доволна сето тоа да падне во вода.

FIBA

Во следните шест минути Словачка направи 16:3 и поведе со 27:22, а до полувремето веќе имаше +12 (40:28). Лошиот шут од поле (2/20 за три, 17/38 за два поена) придонесе да не можеме да му се доближиме на противникот во преостанатиот дел од мечот.

FIBA

Ниеден наш кошаркар немаше двоцифрен број поени, најмногу постигна Михајлоски – 9, а Дамјан Крстевски оствари 10 скока.

FIBA

Нашата младинска селекција ќе се бори за пласман од деветтото до 16-тото место. Прв противник е Естонија која одлично игра на ова првенство, во групната фаза имаше биланс 4-1 и само поради послабиот кош-количник со Холандија и Грузија (исто така 4-1) не се пласира во четвртфиналето.

Ако Македонија победи ќе се бори за пласман од деветтото до 12-тото место, ако загуби – од 13-тото до 16-тото. Натпреварот против Естонија се игра на 19-ти јули.