ПОЧЕТНА Некатегоризирана Нов ден – нов удар за Американците

Нов ден – нов удар за Американците

сподели

Грег Попович не може глава да крене од проблеми за време на подготовките за Светското првенство во Кина.

Откако настапот го откажаа сите суперѕвезди од НБА лигата, почнаа да си заминуваат и оние од вториот ешалон. Американската репрезентација остана со неколку квалитетни кошаркари, но и тие се соочуваат со проблеми.

Лидер на селекцијата требаше да биде Кајл Лаури, но и тој нема да игра, не по своја желба. Минатиот месец тој го оперираше палецот на десната рака, се очекуваше да биде подготвен за Мундијалот, но лекарите не му дале дозвола да почне со тренинзи.

“Се надевав дека ќе бидам подготвен, сакав да и помогнам на репрезентацијата во нападот на златото, но не можам. Верувам дека момците што ќе настапат ќе бидат одлични и ќе ја освојат титулата“, изјави Лаури кој минатата сезона го освои НБА трофејот со тимот на Торонто.

Тој беше член на шампионската репрезентација на САД од Олимписките игри во Рио де Жанеиро, а се надева и на место во тимот во Токио.