ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: Николферт-Работнички (2002)

(ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: Николферт-Работнички (2002)

сподели

Ситуацијата со корона вирусот не принуди да останеме во своите домови, во очекување да се среди состојбата.

Времето не мора напразно да се троши, може да се искористи и за учење кошарка или гледање на некои натпревари од веќе подалечното минато. Поточно, од времето кога во Македонија беа полни салите на кошаркарските натпревари.

Ова е финалето од Купот на Македонија што се одигра во 2002 година во Охрид, а во кое Николферт по продолжение го победи Работнички за своја втора титула по ред во ова натпреварување. И претходната година, на истото место, гостиварци го победија истиот ривал за првиот трофеј во Купот.

Херој на финалниот меч беше Томе Дишлијев кој имаше голема минутажа како замена за Тодор Гечевски откако кавадарчанецот мораше да го напушти теренот поради пет лични грешки на почетокот од последната четвртина.

За Работнички тоа беше трет пораз во низа во финалните дуели од Купот на Македонија. Во 2000 година загуби од МЗТ Скопје во „Јане Сандански“, а потоа во 2001 и 2002 од Николферт во Охрид. Тоа го надополни во следните четири години кога тимот од Градски парк го освојуваше пехарот.

*За жал, недостасуваат последните минути од финалниот меч