ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Никола Велев рамо до рамо со Гершон и Базаревич…

Никола Велев рамо до рамо со Гершон и Базаревич…

сподели

Скаутот на МЗТ Скопје и сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија ќе биде дел од интернет семинарот во организација на Basketball embassy.

Вебинарот почна уште во март, предавачите се менуваа секој ден, потоа беше прекинат, но продолжи неодамна и ќе трае до крајот на месецов. Свои излагања имаа врвни тренерски имиња како легендата на Макаби, Пини Гершон српскиот стручњак Ненад Труниќ и пред два дена Сергеј Базаревич. Во иднина треба да предаваат и голем број тренери од САД, најмногу од американската колеџ кошарка.

Велев ќе има излагање в сабота (30 мај) и ќе направи анализа на напаѓачкиот дел на екипите од АБА лигата, по негов избор. Тој е еден од најдобрите стручњаци за скаутинг во земјава, почна во Вардар, а потоа се пресели во МЗТ Скопје, како дел од стручниот штаб на Ѓорѓи Кочов. Од оваа година е и во националниот тим, на барање на новиот селектор Александар Тодоров.