ПОЧЕТНА СП 2019 Никој не успеа да ја победи Србија на подготовките

Никој не успеа да ја победи Србија на подготовките

сподели
kss.rs

Актуелниот светски вицешампион со максимален ефект на подготовките го очекува стартот на Мундијалот во Кина.

Во последната контрола ја победи Франција со 61:56 во меч кој многу наликуваше на оние против Литванија и Грција. „Триколорите“ имаа предност од 12 поени разлика на стартот од второто полувреме (23:35), но по серијата од 10:0 Србија се доближи на само три негатива.

Французите го контролираа резултатот до средината на последниот период за по уште една серија од 9:0, противникот да направи недостижна предност од 60:54. Во последните 10 минути Франција играше без главните бекови, на овој меч го немаше и Нандо де Коло, но во составот беше Руди Гобер. Во српската селекција недостсуваа Немања Бјелица и Богдан Богдановиќ.

Србија е единствена репрезентација која на Светското првенство оди без ниеден пораз на подготовките. Одигра девет натпревари (10 ако се смета тој со Борац) и ги совлада: Литванија и и Италија по два пати, а Финска, Турција, Грција, Нов Зеланд и Франција по еднаш. Триумфот против Франција значеше и трофеј на Остајгер купот што се одржуваше во Шенјанг.

Србија го отвора Светското првенство, на 31 август се среќава со Ангола, а Франција игра следниот ден против Германија.