ПОЧЕТНА ЕВРОПА Никој не разбира што му се случи на Панатинаикос…

Никој не разбира што му се случи на Панатинаикос…

сподели
фото: euroleague.net

Некогашниот европски шампион буквално загуби „добиен“ натпревар во второто коло од Евролигата. Најпријатното изненадување АСВЕЛ славеше со 79:78 и Французите сега се со биланс 2/0.

ПАО водеше  со 13 поени разлика на крајот од третата четвртина и со 73:78 на 94 секунди пред крајот. Во кошарката тоа е многу време, но грчкиот шампион има премногу искусни кошаркари за да си дозволи таков пресврт. До крајот „прокоцка“ три напади, АСВЕЛ го искористи тоа и дојде до уште еден изненадувачки триумф по оној против Олимпијакос во првото коло.