ПОЧЕТНА Други репрезентации РОМАНОВ: Никако мачење, само мудро надградување!

РОМАНОВ: Никако мачење, само мудро надградување!

сподели

Селекцијата до 18 години, го почна подготвителниот циклус во теретана, пред настапот на ЕП во Б дивизијата, на крајот на јули.

Кондицискиот тренер Анатолиј Романов, вели дека тренинзите се одвиваат одлично, а играчите тренираат напорно и максимално професионално.

„Подготовките се направени со цел да ги чуваме играчите здрави и да се подобрат некои механички движења.

Секогаш сме во комуникација со селекторот Симиќ и другите тренери за интензитетот на тренинзите и заморот кај играчите.

Работиме 3 пати неделно во теретана, 6 пати неделно во сала. Додека работевме во Маврово, фокусот беше кондиција и агилност и интензитетот беше повисок.

Тука, поделени сме на три тренинзи, односно: тренинг за експлозивност, тренинг за горен дел и тренинг за долен дел.

Исто така, 3 пати во неделата работиме на корективност, се обидуваме да поправиме разни дисбаланси кај играчите, кои што ги откривме преку разни тестови.

Се работи на мобилност, флексибилност и опуштање на мускулите со ролер. После секој тренинг, задолжително ги истегаме (стречинг) играчите со цел тие да останеат свежи низ процесот.

Од суплементи, користиме само електролити за енергија и протеин за регенерација на мускулите.“

За надимакот „мачителот“, вели дека тоа му доаѓа како награда, за сериозноста со која што тој и кошаркарите, заеднички, им приоѓаат на поставените задачи, кои што ќе се исплатат кога ќе биде најпотребно – на натпреварите!

Само напред, момчиња!