ПОЧЕТНА Други репрезентации Никако да најдеме лек за Израел

Никако да најдеме лек за Израел

сподели

Трет натпревар на младинските Европски првенства ова лето и трет пораз од селекции на земјата со долга и успешна кошаркарска традиција.

Македонската кадетска репрезентација го освои 12-тото место на шампионатот во Удине, по уште еден неуспех во дуелите со Израел. Загубивме со 83:72, но овој пораз помалку боли од оној во групната фаза, по три продолженија и по водство од 18 поени разлика.

FIBA

И сега бевме рамноправни 36 минути, беше 70:67 пред Израелците да направат 13:5. На почетокот од последната четвртина имавме и водство од 62:63, но како и во натпреварот од групата, противникот покажа дека е подобро физички подготвен и на крајот го скрши отпорот.

FIBA

Филип Наков одигра одличен натпревар, постигна 20 поени и 9 скока и да не беа седумте загубени топки впечатокот за него ќе беше уште подобар. Повторно немавме одговор за Шарп кој заврши со 24 поени.

FIBA

Нашата кадетска селекција ја исполни целта по победата против Босна и Херцеговина со што обезбеди опстанок во оваа конкуренција. Во Б-дивизијата испаѓаат Естонија, БиХ и поразениот од мечот меѓу Летонија и Германија, а за титулата ќе се борат Франција и Шпанија.