ПОЧЕТНА ЕВРОПА Ниеден скаутинг не може да ја „фати“ четата на Кочов

Ниеден скаутинг не може да ја „фати“ четата на Кочов

сподели

Четврти натпревар во новата сезона и четврти различен играч кој блеснува во дресот на МЗТ Скопје.

Против ОКК Слобода тоа беше Нуни Омот, против Спарс плејмејкер Џабари Хиндс, против Кожув – Бојан Крстевски, а до победата против Рогашка, екипата ја носеше капитенот Дамјан Стојановски.

Уште не беше завршено првото полувреме, а тој имаше индекс 15 поради петте поени, петте украдени топки и шесте скока. На крајот заврши со 18 поени, 9 скока (за малку му избега дабл-дабл), 2 асистенции и 5 украдени топки. Со индекс 29 веројатно ќе конкурира за МВП на колото во АБА, за да ја продолжи низата што ја почнаа Омот и Хиндс.

Играта на овие четворица кошаркари претставува тешкотија за противничките скаути, но и предизвик за другите во екипата. Очекуваме на ова ниво наскоро да бидат и Магдевски, Маслинко, Морнар, Симоновски…

МЗТ Скопје го „доби“ натпреварот со Рогашка поради одличната одбрана. Буквално ги принуди противничките кошаркари да шутираат од неизградени позиции, па словенечкиот прволигаш заврши со мизерни 28,4% шут од поле – за два погоди 35,5%, а за три 22,2%.

Вистинската сила на тимот ќе се види во претстојното коло, против Борац Чачак кој е еден од главните ривали за првото место и пласман во елитната дивизија од АБА.