ПОЧЕТНА ЕВРОПА Ни Рогашка не успеа да го запре МЗТ Скопје

Ни Рогашка не успеа да го запре МЗТ Скопје

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Македонскиот шампион е без грешка во АБА 2 лигата и по третиот одигран натпревар. Нова жртва на четата на Ѓорѓи Кочов беше Рогашка која вторпат губи убедливо во „Јане Сандански“, сега со 74:54.

Одлучи одличната одбрана, словенечкиот тим беше во водство по првата четвртина, но во втората постигна само пет поени. МЗТ Скопје останува на чело на табелата, а следното коло на домашен терен ќе го игра дербито на сезоната против најголемиот конкурент за првото место Борац Чачак.