ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Нетс, кошмарот на долгите серии

(ВИДЕО) Нетс, кошмарот на долгите серии

сподели
abc7ny.com

На најдолгата победничка низа во историјата на актуелниот шампион, која броеше 15 победи едно по друго, и дојде крај на гостувањето во Њујорк каде Бруклин успеа да слави над Торонто со 101:91.

Карис Леверт беше првото име кај Нетс со 20 поени и 7 скока, додека Серж Ибака беше предводник на тимот од Канада со 28 поени и 9 скока.

Ова е најдолгата победничка низа на која Нетс и ставиле крај. Претходен „пациент“ чија низа беше прекината од страна на оваа франшиза беше Сиетл во 1982-та година, кога по 12 победи едно по друго тимот од Западот, загуби во Њујорк.