ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Несуденото засилување на Работнички замина во Бугарија

Несуденото засилување на Работнички замина во Бугарија

сподели

Американскиот крилен центар Ксавиер Џонсон ќе ја продолжи својата кариера во екипата на Рилски спортист.

Тој требаше да биде засилување за титулата за Работнички во финишот од минатата сезона. Клубот од Градски парк се обиде да го регистрира пред крајот на преодниот рок, но поради некомплетна документација беше одбиен од МКФ.

Како последица на тоа Работнички остана со скратен ростер и ја загуби титулата од МЗТ Скопје.

Стручниот штаб имаше големи очекувања од Џонсон, Американецот има фантастични предиспозиции и штета е што македонските љубители на кошарката не можеа да го видат во акција.