ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА НЕОФИЦИЈАЛНО НО ВИСТИНИТО: Играчите и клубовите се држат за ј..ца, а вришти...

НЕОФИЦИЈАЛНО НО ВИСТИНИТО: Играчите и клубовите се држат за ј..ца, а вришти нашата кошарка!!!

сподели

Basketball.mk неофицијално дознава дека двете засегнати страни работат секоја за себе, а наша оценка е дека ниту една во овој случај не работи во интерес на нашата кошарка.

Играчите и клубовите се договориле меѓусебно да не попуштаат под одредена граница на плата. Моментално траат размислувањата, по заедничкиот состанок на двете спротивставени страни.

Играчите поставиле линија што за 90% од нив значи месечна заработка колку што претходно заработувале “за цела сезона”, а клубовите поставиле линија што е за отприлика 30-40% помала од она што го бара секој играч.

Двете страни се начекаа во тесно и сега се препираат, се тегнат, се влечат. Знаат ли дека грото пари што ќе ги трошат, се од буџетот на државава и дека тие пари се на граѓаните кои што имаат по 300 евра плата и тоа ако се среќни?