ПОЧЕТНА ЕВРОПА Нено солиден, Хувентут испушти шанса за сензација

Нено солиден, Хувентут испушти шанса за сензација

сподели
фото: Club Joventut Badalona

Каталонското дерби, одиграно во Валенсија, го означи рестартот на првенството на Шпанија кој треба да го даде новиот шампион.

Барселона славеше со 96:92, но малку недостасуваше да доживее силна шлаканица веќе во првото коло од изменетиот систем на натпреварување. Тимот на Светислав Пешиќ водеше во текот на сите 40 минути, предноста во еден момент изнесуваше и 19 разлика, а сепак дојде до драматичен финиш.

Највисоката предност Барса ја достигна во првиот напад од последната четвртина (76:57), но дозволи Хувентут да направи серија од 12:0 и да се доближи на седум разлика. Блауграна некако го одби тој притисок, но на 28 секунди пред крајот беше 92:90. Абринес погоди за Барселона, Вентура врати на десет секунди пред крајот, но Миротиќ стави точка со две слободни фрлања.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра 26 минути и за тој период постигна 10 поени, 4 асистенции, 1 скок, но и 7 загубени топки за индекс 2.