ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нено и Хувентуд поразени на крајот

Нено и Хувентуд поразени на крајот

сподели
фото: Joventut Badalona

Нашиот репрезентативец и неговата екипа забележаа пораз на последната проверка, пред стартот на новата сезона во шпанската АЦБ лига.

Составот од Бадалона загуби од Манреса, со 89:93. Македонскиот плејмејкер постигна 9 поени (4/7 за 2, 0/3 за 3 и 1/1 за 1), со три асистенции.

Во првата рунда во шпанското кошаркарско првенство, Димитријевиќ и Хувентуд ќе се соочат со Уникаха Малага, на домашен терен на 19-ти септември.