ПОЧЕТНА Други репрезентации Немаше изненадување, го добивме противникот во полуфиналето

Немаше изненадување, го добивме противникот во полуфиналето

сподели
FIBA

Македонската репрезентација ќе има две шанси за пласман во европската јуниорска елита, но ако сака да се бори за титулата, мора да го продолжи перфектниот биланс на првенството во Орадеа.

А, тоа нема да биде воопшто лесно бидејќи следен противник е можеби најголемиот фаворит на овој шампионат Израел – единствената репрезентација која славеше поубедлива победа во четвртфиналето од Македонија (92:47).

Израелците неодамна станаа европски шампиони во младинска конкуренција триумфирајќи на домашен терен, и јуниорската генерација покажа дека поседува огромен квалитет.

Натпреварот се игра на 3-ти август од 20:45 часот, победникот ќе се бори за златото и ќе има обезбеден пласман во елитата. Поразениот оди на дуел за третото место.

Тоа ќе биде и индиректна пресметка на двајцата најдобри кошаркари во досегашниот дел од првенството – Андреј Јакимовски од Македонија и Ноам Шимон Доврат од Израел. Оној што ќе победи најверојатно ќе биде прогласен за МВП.