ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Нема веќе дрим-тим, Американците ќе бидат лесна цел

Нема веќе дрим-тим, Американците ќе бидат лесна цел

сподели
Ерик Гордон

Трендот на откажување на најдобрите репрезентативци на САД продолжи со надворешните играчи на Хјустон и на Портланд, Ерик Гордон и Кристијан Џејмс МекКалум. Двајцата се повлекоа од тренинг кампот на САД, наведувајќи го личниот прогрес и потребите на екипата, како причината за неиграњето во составот на репрезентацијата на актуелниот и двоен светски шампион.

КЏ МекКолум

Претходно, иако беа ставени на списокот и рекоа дека ќе играат, се продомислија и главните ѕвезди Џејмс Харден и Ентони Дејвис, исто така поради концентрирање на клупските и индивидуалните цели. Единствена селекција која што ќе биде комплетна, на претстојното СП е селекцијата на Србија. Канада и Австралија исто така имаат силна НБА база, но и таму имаше откажувања.

Никола Јокиќ (Businessinsider)

Последниот пат кога настапи со комбиниран состав, селекцијата на САД беше поразена на СП 2002-та во 1/4 финалето од тогашната СР Југославија. И во 2006-та, иако со големи ѕвезди во тимот, загуби од Грција во 1/2 финалето. Американците беа доминантни на последните две изданија на светските самити, но сега имаат многу помал избор на располагање, додека особено европските репрезентации се со засилени ростери.

foxnews.com

Иако низ историјата покажале дека во најсилен состав е речиси невозможно да се победат, сепак американските кошаркари поголемо значење му даваат на Олимпискиот турнир каде што имаат 15 од можни 19 титули, отколку на светските првенства каде што заедно со Југославија имаат по 5 титули од можни 17.