ПОЧЕТНА НБА Нема трејд, Пол заглави во Оклахома

Нема трејд, Пол заглави во Оклахома

сподели
usatoday.com

Иако тоа не беше првично планирано, плејмејкерот најверојатно ќе ја почне новата сезона со екипата на Тандер, јавува ЕСПН. Се уште не е пронајдена дестинација за играчот што дојде по трејдот со Хјустон за Вестбрук, што значи најверојатно ќе се чека следната шанса – преодниот рок по 15-ти декември, а како опција се споменува и крајот на следната сезона.

Крис Пол има 34 години, дојде од Хјустон во замена за Расел Вестбрук и четири пика на драфтот – два директни од првата рунда и две замени. Овој дил беше комплетиран откако повеќето екипи потпишаа договори со ѕвездите, што значи не остана тим со слободен буџет, што може да ги плати 124-те милиони долари плата на плејмејкерот.