ПОЧЕТНА НБА Нема повеќе нинџи во НБА лигата

Нема повеќе нинџи во НБА лигата

сподели

Раководството на најсилното кошаркарско натпреварување во светот и компанијата за производство на спортска опрема Најк се договорија да забранат користење на марами на главата кои ги користеа кошаркарите минатата сезона.

На играчите тоа не им се допадна, па веќе почнаа петиција за промена на одлуката и натамошна употреба на овие мараму.

Меѓу оние кои играа натпревари со нив беа Џими Батлер, Џру Холидеј, ДеАрон Фокс, Мајк Скот итн. Според Најк, кошаркарите кои играат со такви марами, собрани како ленти, изгледаат непрофесионално. Стегачите на главите и натаму се дозволени.