ПОЧЕТНА Некатегоризирана Нема посреќен од Леброн: Ова е само почеток!

Нема посреќен од Леброн: Ова е само почеток!

сподели

Веројатно ни Ентони Дејвис не е толку задоволен од неговиот трејд во Лос Анџелес Лејкерс како суперѕвездата на оваа франшиза и НБА воопшто.

Досегашниот играч на Њу Орлеанс Пеликанс заминува во Калифорнија за тројца кошаркар и три пика во првата рунда на драфтот меѓу кои и четвртиот оваа сезона. Лејкерс се откажаа од многу талентирани играчи, но Леброн Џејмс доби соиграч со кого ќе може да атакува на висок пласман претстојната сезона.

„АД доаѓа. Ова е само почеток“, напиша Леброн на Инстаграм.

Овој негов пост веројатно е само најава дека во следниот период Лејкерс ќе се обидат да донесат уште некоја суперѕвезда во своите редови.