ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нема одложување на квалификациите, ќе се игра по стариот план

Нема одложување на квалификациите, ќе се игра по стариот план

сподели
FIBA

Бордот на ФИБА Европа одлучи, ноемврискиот „прозорец“ од квалификациите за пласман на ЕП 2021 година да се игра според претходно утврдениот календар за натпреварување. Секоја држава домаќин самостојно ќе одлучи дали натпреварите ќе се одржат со или без присуство на публика.

Во случај, да не може да се игра во текот на ноември, тогаш натпреварите од тој „прозорец“ ќе бидат одложени, односно преместени за февруарските термини.

Оние мечеви кои на програмата беа во февруари ќе бидат презакажани за јули, 2021 година. Притоа водејќи сметка да бидат реализирани помеѓу крајот на Олимписките квалификациски турнири и почетокот на Олимписките Игри во Токио. Македонската репрезентација во ноември има две гостувања – прво во Италија, потоа во Естонија.