ПОЧЕТНА ЕВРОПА Нема лабаво со израелските кошаркари – се изборија за своите права!

Нема лабаво со израелските кошаркари – се изборија за своите права!

сподели
фото: haaretz.com, Sharon Bokov

По долгата дебата што минатата сезона за малку предвреме ќе ја прекинеше натпреварувачката кампања во оваа земја, израелската кошаркарска лига и унијата на кошаркарите постигнаа договор за лимитирање на странците во тимовите.

На почетокот на сезоната 2020/21, во еден тим ќе може да играат максимум 5 неизраелски играчи, најмалку четворица домашни, двајца нови граѓани и едно место што може со доплата да се искористи и за нов жител на Израел.

Еден Израелец мора да биде во секој момент на паркетот што е лимитирачки фактор што уште само Израел го користи во лигата, што е збунувачко за тренерите каков што беше случајот со нашата лига (2-ца Македонци).