ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нема Куп во февруари???

Нема Куп во февруари???

сподели
mkf.mk

„Завршниот турнир од Купот на Македонија, кој традиционално, како и во најголемиот дел од европски првенства, беше предвиден да се одигра во февруари, речиси сигурно ќе биде пролонгиран за друг термин и тоа од причина да се добијат повеќе денови за подготовки репрезентацијата во пресрет на првите два меча од квалификациите за ЕП 2021 против Естонија (20 февруари) и Русија (23 февруари).“ – јавува порталот Sport1.mk.

„Молкот од Куќата на кошарката во делот на организацијата на Купот на Македонија, со оглед што до завршниот турнир на осумте најдобри екипи има уште само еден месец, барем до оригинално предвидениот термин во календарот, исто така може да се сфати дека се размислува односно планира негово пролонгирање. Исто така, сѐ уште не е распишана ниту лицитација преку која треба да се дојде до заинтересиранот домаќин што повторно говори дека ќе почекаме за да го дознаеме носителот на првиот трофеј сезонава во домашните натпреварувања.“ – се вели понатаму, во веста објавена на Sport1.mk.

НАПОМЕНА: Ова е неофицијална вест, преземена од споменатиот портал.