ПОЧЕТНА СВЕТ Нема граници, за Лејкерс!

Нема граници, за Лејкерс!

сподели
@Lakers

Леброн постигна 33 поени, со 9 скока и 9 асистенции. Ентони Дејвис имаше 32 поена, во победата 114:124 против Мајами. Составот од ЛА, води со 2:0 во финалето.

Лејкерс имаа 51% од поле, но погодија 16 последователни удари за два, во серија од финишот на првата се до крајот на третата четвртина. Им требаат уште 2 победи.

Џејмс и Дејвис се првиот двоец на оваа екипа, со најмалку 32 поена во финалните мечеви, по Коби и Шек против Нетс во 2002-та, кога ја освоија титулата.

Батлер имаше 25 поени за Хит, со 13 асистенции и 8 скока. Составот од Флорида играше без повредените Бам Адебајо и Горан Драгиќ, кои се носители на играта.