ПОЧЕТНА Некатегоризирана Некој нов Дончиќ: Побрз и со девет килограми помалку

Некој нов Дончиќ: Побрз и со девет килограми помалку

сподели

Најдобриот дебитант во НБА лигата последната сезона се подготвува за својата втора натпреварувачка кампања во дресот на Далас Маверикс.

Словенија не игра на Светското првенство во Кина, па тој доби продолжен одмор кој почна уште во април, кога Мавс го завршија основниот дел од сезоната во НБА и не успеаја да се пласираат во плеј-офот. Лука Дончиќ работи индивидуално, откри дека веќе загубил девет килограми и тоа ќе го направи побрз.

„Првпат досега имав толку долг одмор кој не се броеше во денови, туку во месеци. Уживав најмногу, одморив и работев на себе. Сега ќе бидам побрз и се надевам дека со тоа ќе ја подобрам играта во одбрана“, изјави Дончиќ во интервју за официјалната интернет страница на Мавс.

Далас Маверикс веќе три години не успева да се пласира во плеј-офот и тоа ќе биде една од главните цели на Дончиќ и на неговите соиграчи.