ПОЧЕТНА СВЕТ Некој лаже: Џордан или пица мајсторот!

Некој лаже: Џордан или пица мајсторот!

сподели

Документарниот филм посветен на поранешниот најдобар играч во НБА зад себе остави многу дилеми, но и прашања за кои во иднина ќе се води жестока дебата.

По емитувањето на последната епизода од серијалот, се јави Крег Фајт, поранешен работник во Пица Хат во Солт Лејк Сити од каде била нарачана фамозната пица по која, наводно, Џордан се затрул во пресрет на петтиот натпревар од финалната серија против Јута Џез. Мајкл тој меч го играше во многу лоша состојба, но и покрај тоа постигна 38 поени.

Долго се шпекулираше дека имал грип, се додека тој не откри дека се работело за труење од храна. Пицата ја презел личниот тренер на Џордан, Тим Гровер, а Џордан за тоа зборува и во „Последниот танц“.

„Им реков на шефовите дека сам ќе ја доставам пицата. Прво ќе ја направам, а потоа ќе ја однесам бидејќи не сакам некој друг има нешто со тоа. Потоа му реков на возачот да ме превезе во хотелот и тоа беше мојата прва достава во животот. Гровер е добро момче, но зборува глупости. Поставена ли беше дијагнозата, беше ли Мајкл на доктор? Се се тоа инсинуации.

Потсетувам дека Џордан пушеше премногу цигари, прозорите во хотелската соба беа отворени, а тој беше гол горе во дел од градот каде по заоѓањето на сонцето може да биде студено. Или можеби подоцна нарачале храна од некое место каде навистина била отровна. Но, таа пица беше добра, ги следев сите правила, состојките беа свежи, сакав да ги импресионирам надредените“, открива Фајт.

Тој му ја предал пицата на Гровер кој платил 20 долари и му ја однел на Џордан. Фајт тврди и дека бил навивач на Чикаго Булс и по никоја цена не сакал да му наштети на тимот.

Гровер има нешто поинаква верзија. Тој тврди дека пицата ја доставиле пет лица што на него му било многу сомнително. Џордан јадел сам, а потоа, во 2:30 по полноќ, како што вели, се разбудил со симптоми на труење и силни болки во стомакот.