ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ФОТО) Нека го фати „мајата“ – Андреј Јакимовски со Клеј Томпсон

(ФОТО) Нека го фати „мајата“ – Андреј Јакимовски со Клеј Томпсон

сподели

Еден од најголемите македонски таленти не само што три дена беше гостин на Вашингтон Стејт Универзитетот, туку имаше среќа неговата посета да се совпадне со една несекојдневна церемонија.

Поради тоа Андреј Јакимовски присуствуваше на свеченоста на подигнување на дресот на легендата на овој Универзитет, Клеј Томпсон кој своите колеџ денови ги помина во дресот на Кугарс.

Нашиот нов сениорски репрезентативец ја искористи можноста да се фотографира со еден од најдобрите шутери во НБА, а ние би рекле – нека го фати „мајата“ и Јакимовски да освои барем три титули во најсилната светска кошаркарска лига, колку што има Томпсон.