ПОЧЕТНА ЕВРОПА Не треба да ги доведуваме во ситуација да бираат меѓу клубот и...

Не треба да ги доведуваме во ситуација да бираат меѓу клубот и семејството

сподели
printscreen

Платите на кошаркарите во европската кошарка се голем проблем, беше најавено дека одредени тимови ќе им ги скратат примањата на кошаркарите, поради настанатата ситуација со коронавирусот.

„Платите се битни, но во овој момент не би требало да се доведуваат играчите во ситуација да бираат меѓу професионалните договори и семејството. Треба да се изнајде заедничко решение.

Повеќето кошаркари се дома во изолација и не би требало да им биде проблем да им се вратат на обврските, кога ќе заврши пандемијата.“ – се зборовите на првиот човек на здружението на играчите, Боштијан Нахбар.

Евролига соопшти дека паузата ќе трае најмалку до средината на април, но најверојатно прекинот на најелитното европско кошаркарско натпреварување, ќе продолжи најмалку до почетокот на мај.