ПОЧЕТНА ЕВРОПА Не сум српски херој, мајка ми сакаше да играм!

Не сум српски херој, мајка ми сакаше да играм!

сподели
фото: Инстаграм

Кошаркарот на Анадолу Ефес, Василије Мициќ доживеа тешки моменти за време на Мундобаскетот што се одржа во Кина.

По долга борба со тешката болест, неговата мајка Весела почина токму во периодот кога српската репрезентација дојде до завршницата на првенството. Иако се очекуваше Мициќ да се врати дома, тој остана со националниот тим што од медиумите во Србија беше оценето како врвно херојство.

„Мислам дека малку претераа во тоа. Не сум херој, ниту се чувствував така, не направив ништо спектакуларно. Со мирна глава донесов одлука да останам со репрезентацијата бидејќи и мајка ми така сакаше. Соиграчите беа збунети дента кога ја примив веста, немаа претстава колку сериозна беше состојбата.

Не ни можеа да знаат бидејќи јас не зборував за тоа. Селекторот ми рече да си одам, но јас му реков дека не сакам и заминав в соба. Таа сакаше да играм и мислам дека донесов вистинска одлука“, рече Мициќ во интервју за Новости.

Траичната вест очигледно остави трага врз него бидејќи искусниот плејмејкер не беше на своето ниво на завршните дуели од Светското првенство. Полека се враќа во нормала и беше прогласен за МВП на второто коло од Евролигата во кое Анадолу Ефес ја победи Алба со 105:104.