ПОЧЕТНА Некатегоризирана Не можеше да биде поинаку во Турција

Не можеше да биде поинаку во Турција

сподели
Гудуриќ се пресели во НБА лигата, но Фенербахче се засили со искусен српски центар (фото: Fenerbahce)

Новиот шампион на една од најдобрите европски лиги ќе се знае по „мајсторката“, како што можеше и да се претпостави кога почна финалната серија.

Фенербахче славеше во шестиот меч против Анадолу Ефес со 85:69 и се избори за седми дуел кој ќе се игра на теренот на најтрофејниот турски клуб. Иако победата е убедлива, Фенербахче до неа дојде благодарение на одличната последна четвртина која му припадна со 32:17.

Убедливо најдобар поединец беше Марко Гудуриќ кој постигна 21 поен, но блесна токму во последните десет минути кога реализира 14 поени од кои четири тројки. На другата страна Ларкин постигна 16, а Мициќ и Симон по 12 поени.

Одлучувачкиот натпревар се игра на 21-ви јуни, Анадолу Ефес се бори за првата титула по пауза од десет години, а Фенербахче за четвртата во низа.