ПОЧЕТНА СВЕТ Не можеш да играш долго кошарка со 129 килограми

Не можеш да играш долго кошарка со 129 килограми

сподели

Дебито на Зајон Вилијамсон во НБА лигата е одложено поради повредата на коленото што ја доживеа на еден од подготвителните натпревари пред стартот на сезоната во НБА лигата.

За љубителите на кошарката тоа е големо непријатно изненадување, но не и за Чарлс Баркли кој не очекувал поинакво сценарио.

„Не верувам дека Зајон може да игра долг период со 129 килограми. Му треба личен тренер. Јас играв со 134 килограми, скокав и бев експлозивен, но не можев да фатам континуитет. Ослабев 22 килограми и потоа беше друго“, смета поранешниот ас.

Вилијамсон ќе паузира меѓу шест и осум недели што значи дека своето деби во НБА лигата ќе го забележи најрано во декември.